четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 18
home Вести

Снег и на пониските места, температурите повторно под нулата

Снег и на пониските места, температурите повторно под нулата

Времето во земјава ќе биде под влијание на влажен и студен воздушен бран и ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 3, а дневната од минус 2 до 6 степени.

Во Скопје облачно со повремен дожд кој повремено ќе преминува во повремен снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 4 степени.

Во четврток и петок ќе биде стабилно со минимални температури, во поголемиот дел од земјава под нулата.

Коронавирус