сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Снабдувањето со електрична енергија во југозападните региони се нормализира

Снабдувањето со електрична енергија во југозападните региони се нормализира

Снабдувањето со електрична енергија на населените места во југозападна Македонија, кои беа зафатени од невремето предизвикано од обилни врнежи од дожд и снег, се нормализира.

ОД ЕВН соопштија дека екипи на Електродистрибуција денеска успеале да ги приклучат под напон речиси сите корисници од населените места во реканскиот крај, каде што имало повеќе проблеми при санацијата поради лошите временски услови. До крајот на денот, како што се наведува, ќе се работи да бидат приклучени и највисоките планински села во овој регион.

Тимовите на електромонтери од изутрината се концентрирани на замена на скршените челични и бетонски столбови на врската Лабуништа – Луково, каде што работите одлично напредуваат и до крајот на денот скоро сите корисници ќе добијат електрична енергија. Во отстранување на дефектите е ангажиран максималниот расположлив капацитет од страна на ЕВН Електродистрибуција и надворешните компании, кои користеа зимски моторни возила, моторни санки и друга техника, посочуваат од компанијата.

Се наведува дека тие два дена при тешки временски услови, големи наноси од снег и одрони на патиштата, работеле во повеќе смени и преку цел ден со цел да се овозможи нормално снабдување на корисниците од охридскиот, струшкиот, ресенскиот, кичевскиот, гостиварскиот, тетовскиот регион како и реканскиот крај.

ЕВН Електродистрибуција информира дека нивни екипи ќе останат на терен се додека не бидат приклучени во дистрибутивната мрежа и последните населени места кои се без напојување поради невремето.

Коронавирус