недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 77
home Вести

Смртта на Никола ја потресе цела Македонија, новинарот близок до СДСМ тврдеше дека претепувањето е лажна вест

Смртта на Никола ја потресе цела Македонија, новинарот близок до СДСМ тврдеше дека претепувањето е лажна вест

Голема трагедија денес ја потресе цела Македонија.  Почина 21-годишниот Никола Саздовски кој беше физички нападнат.

Никола беше ѕверски претепан на 29-ти јуни во времето од 17:30 до 17:40 часот на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ од страна на три непознати машки лица, кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“.

Младото момче по нападот поради тешките повреди беше хоспитализиран на КАРИЛ. По битка од повеќе денови, животот на Никола згасна.

Медиуми блиски до СДСМ без трошка чувства го злоупотребија овој тежок настан. Тие пишуваа дека станува збор за лажна вест и ја бранеа полицијата која се обиде да го премолчи настанот.

Една од главните перјаници на СДСМ во медиумите, Саше Политико, над оваа трагедија продолжи да се додворува на партијата која ја поддржува со години.

„Лажна е веста која се шири на куртон портали за претепаниот Комита до смрт кој се бори за живот, а МВР за тоа молчи“ – напиша Саше Политико.

Овој негов чин е за жестока осуда. Денес “лажната“ вест стана тешка трагедија. Момчето за кое новинарот близок до СДСМ твредеше дека не е претепано, почина по претепување.

Коронавирус