четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 154
home Вести

Смртоносна магла го гуши Скопје, директорот на Дрисла тврди со глава дека проблемот не е во депонијата и ги обвинува Италијанците

Смртоносна магла го гуши Скопје, директорот на Дрисла тврди со глава дека проблемот не е во депонијата и ги обвинува Италијанците

Скопје е најзагаден град на Балканот, а властите сеуште не го нашле изворот на загадувањето и постојано убедуваат дека ситуацијата е под контрола.

Младен Чадиковски во вечерашната дебата на Телевизија 24 ги покани на дебата за загадувањето градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, Антонио Јовановски и Блаже Јосифовски како еко активисти, Ана Мазнева Каранфилова од Министерството за животна средина и Горан Ангелов, директор на депонијата Дрисла.

Мазнева Каранфилова изјави дека Министерството издало дозвола за усогласување со оперативен план, но депонијата Дрисла не ги исполнила условите од оперативниот план во делот за третман на отпадот, па поголемиот дел од инвестициите не се реализирале.

Во телефонското јавување на Ангелов во емисијата, тој изјави дека договорот не е раскинат, но дека постапката била поиништена. Ангелов го обвини инвеститорот од Италија и управниот спор од 7 години поради кој што странскиот партнер не инвестирал во компанијата.

-Тврдам со мојата глава дека Дрисла нема увезено ниту еден килограм отпад од странство, тоа го знае и самиот градоначалник. Депонијата Дрисла е зрела депонија, она што не го завршиле Италијанците треба да го продолжи Градот Скопје, посочи директорот Ангелов кон одговорноста на градоначалникот Шилегов.

За градоначалникот Шилегов виновни се Италијанците и нивното неинвестирање.

Тој го обвини италијанскиот партнер како несериозен партнер на Градот Скопје без знаење и потенцијал.

Еко активистите побараа Градот да оформи ново комунално тело кое што ќе се грижи за проблемите со загадувањето и отпадот и посочија дека Скопје се соочува со проблеми како немање на канализација, но градоначалникот Шилегов ја прекина насоката, велејќи дека не би одел во тој правец на аргументирање.

Се чини дека виновници за загадувањето власта се уште нема, граѓаните реагираат, а заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, во една прилика дури и ги обвини дека непотребно дигаат паника со мерни станици од Али Експрес.

Коронавирус