петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 121
home Вести

Сметот од дивата депонија во Струга заминува во Дрисла- Општина Струга избра компании за негов транспорт

Сметот од дивата депонија во Струга заминува во Дрисла- Општина Струга избра компании за негов транспорт

Избрани се компаниите кои ќе треба да го решат проблемот со дивата депонија во Струга, која подолг период веќе претставува опасност за животот на стружани.

За 40- тина дена ќе биде транспортиран сметот од струшката дива депонија до скопска Дрисла.

Општина Струга на јавен тендер избра компании кои ќе ги постават контејнерите, ќе го пренесат сметот и целосно ќе ја конзервираат постоечката депонија. Активностите на депонијата ќе започнат за некој ден, а целата постапка ќе чини околу 400 илјади евра.