четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 89
home Вести

Сметките се собираат, долговите растат, граѓаните без работа, а извршителите им стојат пред врата

Сметките се собираат, долговите растат, граѓаните без работа, а извршителите им стојат пред врата

Жителите на Шахин Мало од Радовиш се во тешка состојба. Ова место во голема мера е населено од ромската заедница, која живее на работ на сиромаштијата.

ТВ21 ги посети овие луѓе за да види како се соочуваат со секојдневните проблеми и предизвиците што им ги носи животот. Тие најмногу се загрижени за нивното постоење. Бидејќи, ретко кој има постојани работни места, така што тие не можат редовно да плаќаат за електрична енергија, вода и општинска хигиена, и затоа имаат проблеми со извршителите.

“Извршителите ја блокираа мојата сметка за 6 илјади евра. Веќе шест години сметката ми е блокирана. Сметките доаѓаат и се плашам да не ја изгубам куќата “, рече Сафет Димитров.

Новинарот: Зошто ви е блокирана сметката?

“Ја немам платено струјата, ниту водата. Извршителите ми доаѓаат на врата “, рече Димитров.

Новинарот: Зошто ги немаш платено?

“Немам како да платам. Јас добивам социјална помош од 1.200 денари и живеам со мојата сопруга. Како да ги платам сметките? “, додаде тој.

Тие не можат да најдат работа, бидејќи малку од нив имаат соодветно образование. Тие велат дека не се противат на плаќање на сметките, но тие едвај го минуваат месецот и затоа велат дека т имаат потреба од пристојна плата за редовно да ги плаќаат сметките.

“Тука никој не доаѓа да види колку вода трошиме. Никој од нас не знае чита и пишува. Некој завршил само осмо одделение, некој има завршено средно , а некој нема воопшто одено на школо. Затоа, не можеме да знаеме колку трошиме и што пишува на сметките. Само тужби ни стигаат “, рече еден граѓанин на Радовиш.

Со такви и слични проблеми се соочуваат илјадници граѓани во земјата. Секоја сабота во 12 часот пред Триумфалната порта во Скопје се собираат граѓани, каде што се собираат потписи, против работата на извршителите и ревизијата на нивната работа. Во меѓувреме, се подготвува спроведување на нов закон за извршителите .(ТВ21)

Коронавирус