петок, 4. декември 2020. Вести денес: 18
home Вести

Слушнете како Заев се согласува да го поткупи патријархот Вартоломеј со 100.000 евра (ВИДЕО)

Слушнете како Заев се согласува да го поткупи патријархот Вартоломеј со 100.000 евра (ВИДЕО)

За разговорот со лажниот Порошенко, во делот каде што споменуваат пари кои треба да му се дадат на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за да помогне да се реши статусот на МПЦ, Заев вели дека тој дел е изместен од контекст.

Тој тврди дека се прави разговор за автокефалноста на МПЦ и како може Украина да помогне.

Но, погледнете го нивниот разговор и заклучете сами дали е ова “сечено и лепено“ или е голема измама, на која премиерот, падна.

Заев прашува: Која е новата информација? Има ли некоја надеж за нас во врска со патријархот?

Рускиот комедијант, за кој Заев мисли дека е Порошенко, му вели дека има голема надеж.

-Денес, јас зборував со патријархот, зборувавме за сите работи што сме ги правеле заедно исто така го прашав за вашиот случај. И тој кажа дека можеме да ја започнеме процедурата. Па така, ја имам неговата согласност. Тој потврди дека тој може да почне, вели комедијантот.

Заев вели дека тоа е многу добро и човекот со кој разговара го нарекува “пријателе“.

-Јас исто така. Премиерот на Грција, Алексис, ми кажа дека има нешто позитивно, но веројатно треба да започнеме со некаква иницијатива, што треба да направиме?-прашува Заев.

Од комедијантот добива одговор:

„Најпрво, најверојатно го знаете специјалниот амбасадор од Стејт Департментот, Браунбег, тој работи на религиски проблеми, тој ни помогна нас да излеземе од автокефалноста и тој работи со Вартоломеј, и така да мислам дека прво треба да работиме заедно. Што премиерот Алексис ви кажа“?

-Ми кажа дека исто така патријархот е подготвен да направи чекор во врска со нас, но најверојатно ќе треба да започнеме процедура пред нив, Не знам дали од грчка или бугарска црква тука, како регионална црква поврзана со нас, со која имаме добри врски, за да имаме некои аргументи заради процедурата. И тој ќе води до позитивна одлука, како кај Украинската црква, вели Заев.

Комедијантот се нуди да помогне, но тука следува најважниот дел од договорот.

-Јас ќе можам да играм голема улога за да ви дадат автокефалност, заради тоа што имам искуство, но треба да ви кажам дека еден од условите, во мојот случај, тоа што јас го направив е дека јас му дадов донација, лично на патријархот Вартоломеј, му дадов мала донација, околу 100.000 евра, јас мислам дека е тоа еден од условите кој може да ви помогне, вели тој.

Заев со воодушевување во гласот одговара:

„Дааа, тоа е, тоа е многу добро. Нема проблем, тоа е многу нормално. Ќе има донација, во кеш нормално. Ќе го направиме тоа зошто ни треба поддршка, поврзана со нас, секако, ќе го направиме тоа!“

 

Коронавирус