петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 11
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Слушнете како главата на рекетот Заев ја погребува правната држава и Врховен суд: Сум се договорил со Јово, ние сме блиски… (ВИДЕО)

Слушнете како главата на рекетот Заев ја погребува правната држава и Врховен суд: Сум се договорил со Јово, ние сме блиски… (ВИДЕО)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио, Милошоски објави аудио „бомба“ во која се слуша како екс премиерот Зоран Заев директно се меша во судската Власт, односно како со Јово Вангеловски договара да паднат одреден пресуди.

Слушнете како главата на рекетот Заев ја погребува правната држава и Врховен суд, како вели дека се договорил со Јово, дека се блиски „Ќе видите одлука на Врховен и оп се случи таа“

Аудио бомбата која Антонио Милошоски ја објави покажува дека Заев се слушал со Јово Вангеловски претседател на Врховниот суд за да паднат одредени предмети.

Тој признава дека иако го критикувал Јово со него се блиски и дека Катица Јанева знае дека ќе паднат предметите и така ги тера случаите од СЈО.

Интегрален текст од аудио записот-

ЗЗ. Амбиентот во моментот кога тоа се случува, Катица знае, по кои постапки, со многу трпение треба да се оди, и го тераме целиот процес. Знае дека на Врховниот суд ќе се донесе таква одлука. Без Заев не може…

З.З. Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас – трас готово; ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена.

З.З. Што се случува во правото, кога има материјални докази коишто се обезбедени на основа на неовластени и недозволиви снимки, снимките се веќе недозволиви и обезбедените материјални докази паѓаат, таму кај што паѓаат се затвора предметот, тоа е како донесена пресуда, не се отвораат.

З.З; Што е важно? Катица тоа го знае, знае од целиот почеток,.., значи ја со Јово Вангеловски, беше еден од трите судии во врховен суд, имаше и други тројца од Апелационен суд, што требаше да паднат заради бегството на Сеат Кочан и заради бегството на овој (Груевски); и Јово беше вратен, сум се смирил и сум се договорил со Јово. Точно е ние бевме блиски, тераме блиски, јас сум таков човек, прво не верувам секојпат дека не треба, секојпат сум верувал.

З.З.; Ова е политичка битка помеѓу ВМРО и СДС и тука треба да застане, заради тоа се разговорите, они поминаа границите. Знаејќи го Катица целото тоа што се случува, она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите. Знае, дека и да не сака, она помага, значи готово, нема, влезена е во тој процес сега.

З.З.; Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка.

Коронавирус