недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Случајот за малиот Алмир Алиу вратен на повторно судење

Случајот за малиот Алмир Алиу вратен на повторно судење

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје го поништил предметот во случајот на смртта на четиригодишниот кумановец Алмир Алиу и го вратил на повторно судење, потврди за „Порталб.мк“, адвокатот Асмир Алиспахиќ.

– Сè уште ја немаме добиено одлуката од Апелацискиот суд за да видиме зошто судењето е поништено. Бидејќи предметот се враќа во Основниот суд во Куманово, Судот е должен да закаже седница за главната расправа – вели Алиспахиќ за „Порталб.мк“.

Во јули 2016 година Алмир, беше прегазен со возило од Илиќ, бидејќи претходно таткото на детето и Илиќ имале банална караница во амбуланта.