недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Случајот со палењето на автомобилите во Штип е показател за криминализираноста која СДСМ ја донесе- срамно да се обидува да го впери прстот во ВМРО-ДПМНЕ“

„Случајот со палењето на автомобилите во Штип е показател за криминализираноста која СДСМ ја донесе- срамно да се обидува да го впери прстот во ВМРО-ДПМНЕ“

Случајот со палењето на автомобилите во Штип е показател за криминализираноста која СДСМ ја донесе во општеството, исто како во мрачните денови на транзицијата. Денес на улиците владеат криминалците, а полицијата е нем посматрач на нивните активности поради близината на подземјето со власта. Ова е класичен пример за падот на СДСМ и очајот во кој тоне власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ со целиот апарат кој што го има под себе, полицијата, обвинителството, разузнавачките служби и дузина државни институции, крајно е срамно да се обидува да го впери прстот во ВМРО-ДПМНЕ за овој чин. Ваквите обиди на СДСМ се класична клевета и лажна вест за да ја покријат целата своја неспособност, стои во партиската реакција и се додава:

„Ако сака СДСМ да изигрува истражен орган во државата, тогаш виновниците за овој криминален чин треба да ги бара во врската на штипските социјалдемократи со криминалците од овој крај. Информациите кои кружат во јавноста во Штип говорат дека таму постои сериозна спрега во кои се вмешани високи партиски функционери и сериозни криминални групи, кои можеби не можеле да се спогодат во одредени бизнис релации. Соработката на СДСМ со криминалци не е непозната. Постојат многу фотографии на осомничени дилери со дрога со партиски функционери, но и насилници, убијци, па се до јавната поддршка на Боки 13. Со тоа само се потврдува тезата дека СДСМ шурува со подземјето. Кога – тогаш фактурата од соработката со криминалците стигнува за наплата“.

Повикуваме, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, полицијата под раководство на Оливер Спасовски да се одважи и да го расветли случајот за палењето на автомобилите во Штип, но и за причинско последичните врски кои најверојатно стојат зад овој чин.

Коронавирус