сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Случај „Сопот“: СДСМ ги апсеше, а сега од буџетот им исплаќа отштета

Случај „Сопот“: СДСМ ги апсеше, а сега од буџетот им исплаќа отштета

Телевизија Алсат пренесува дека поранешните осуденици во случајот Сопот го добиле обештетувањето од Владата. Информацијата ја потврдија и лицата кои беа осyдени за случајот Сопот, а потврда пристигна и од Владата. Вредноста на штетата за шестмина осуденици достигнува до 73 милиони денари.

Единаесет лица беа осудени за поставената мина на патот Сушево – Сопот кога на 4 март 2003 година загинаа двајца полски војници на НАТО и еден цивил. Осум години подоцна беше донесена пресудата против 11 лица од селото Сопот.

Имено поранешните осуденици беа уапсени токму во времето на владата на СДСМ предводена од Хари Костов, а тогаш и роднините на обвинетите протестираа пред седиштето на ДУИ во Мала Речица, во времето кога ДУИ беше дел од коалиционата влада со СДСМ.

 

Коронавирус