вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 27
home Вести

Случај „Рекет“ – многу прашања, малку одговори

Дали владиниот кабинет во сенка бил стациониран во станот на Боки 13. Дали од таму се координирала операцијата Рекет? Зошто владини министри биле секојдневни гости во домот на Боки 13? Дали и кој од Владата го известил Боки дека се подготвува истрага против него?
Случај „Рекет“ – многу прашања, малку одговори

Ова се прашањата кои се наметнуваат во јавноста откако секојдневно се откриваат нови детали и пикантерии поврзани со случајот „Рекет“. Дали силата на Боки 13 доаѓала од поддршката и блискоста со највисоките државни функционери како што е со сегашниот Министер за внатрешни работи, а од 3-ти јануари и технички премиер Оливер Спасовски?

Вработена кај Јовановски: Во неговиот дом доаѓаа Шекеринска, Кирацовски и Филипче

Вториот сведок на вчерашното рочиште на „Рекет”, Драгана Колевска, која хонорарно работела кај обвинетиот Бојан Јовановски, кажа дека во неговиот дом доаѓале познати личности, меѓу кои имало и политичари.

„Кај Бојан Јовановски имаше реновинарање, промена на ентериерот на дневната соба, а дали е купувано, не знам немам видено фактури. Тој купи телевизор по реновирањето. Сликите ги донесоа двајца од галерија, ги оставија. Во домот на Јовановски доаѓаа познати личности, политичари. Еднаш дојде Шекеринска, Катица, еднаш има дојдено Стефан Богоев, Кирацовски, Лила Филиповска, Анета Кочишки, Орце Камчев, Зоран Милевски, Венко Филипче”, рече сведокот Колевска.

Амбасадорот на Латвија пријавил кај Димитров дека Боки бара рекет

Вчера во судницата во Кривичниот суд свое сведочење даде и бизнисменот Зоранчо Митревски кој се претстави како конзул во Латвија.

Митревски кажа дека за непосредното барање пари од него, амбасадорот на Латвија го известил Министерството за надворешни работи.

-Ние стискавме палци дека СЈО ќе донесе правда во Македонија, а за мене се претвори во кошмар. Во ноември мислам дека ми пристапи адвокатот Сашко Бошков и ми кажа што му кажал Бојан Јовановски кој не беше опасност за мене, но сфатив дека приказната е многу поголема и сериозно се исплашив, рече Митревски додавајќи дека го пријавил непосредното барање на пари од него.

За барањето пари, Митревски го известил амбасадорот на Латвија во Македонија.

-Кога му кажав што се случило, беше непријатно. Амбасадорот го известил министерот за надворешни работи, по што замина од државата. Од министерството пробаа да ме контактираат на непосреден начин, а јас одлучив дека нема потреба да разговарам со нив бидејќи контактот е непосреден, рече Митревски.

Митревски потенцираше дека не размислувал да даде 2 милиони, кои како што кажа неговиот адвокат Бошков, му биле барани од Бојан Јовановски за да запрат истрагите кои ги водело СЈО против него.

Која вистина за „РЕКЕТ„ ја обелодени Заев?

На 21 април 2019, кога го пријавил случајот за рекет, премиерот во заминување Зоран Заев не знаел дека била вмешана Катица Јанева, бидејќи на материјалите кои му ги презентирал бизнисменот Орце Камчев, се гледа само Бојан Јовановски-Боки 13.

На 22 април кога го пријавив случајот, јас го пријавив тоа што го видов. А го видов тоа што беше објавено од Орце Камчев, односно предадено во Обвинителството. И таму ја гледате Катица Јанева? Не ја гледате. Гледате комуникација меѓу Боки 13, Камчев, сето тоа што се случувало, а на видеото ја немаше Јанева па не можете некој да обвините. Истрагата ги отвори моментите па дојдовме до денешната состојба, перцепција, кој каде бил и каде постои индиција кој каде би можел да биде одговорен. Не сум сум имал намера никого да го кријам, да го скријам, во првата можност пријавив. Уште еднаш напоменувам, доколку ова се случеше пред две и пол години ќе се случеше да биде заштитена телевизијата која е целосно про влада, врхушката ќе ги собереше парите, а Камчев имаше да молчи, така ќе беше во тоа време на режим. Јас го пријавив случајот со сите сознанија кои ми беа презентирани. Мене ми беа презентирани видеото и четири разговори. Тие беа доволен основ, а на крајот се убедувавме и дека документите треба да се достават таму, рече вчера тој одговарајќи на новинарско прашање зошто во наредните три месеци откако дознал за рекетот продолжил да ја брани специјалната обвинителка.

Логичното прашање што се поставува тука е зошто на премиерот на заминување му требаше толку време за да „провери“ во својата агенда. Временскиот период од поставувањето на прашањето и дадениот одговор отвора основан сомнеж околу веродостојноста на самиот одговор.

Коронавирус