петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 152
home Вести

Случај Мијалков: Побрзаа да го притворат, а не го донесоа на судење

Случај Мијалков: Побрзаа да го притворат, а не го донесоа на судење

Го притворија ама не го донесоа во судница. Денешното рочиште Таргет Тврдина се одложи,оти судијката Џенета Бегтовиќ, не испратила наредба до затворот Шутка, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, да го донесат на судење, објавува Алфа.

Кратко било времето рече судијката. По барање на СЈО поранешниот прв контрарзузнавач е притворен синоќа во 19:55 часот, така одлучил Кривичниот совет на скопска „Единица“.

Докази во решението зошто е одредена мерката нема, тврди еден од неговите адвокати.

Против Мијалков во судот во Скопје се водат неколку кривични постапки, кои траат повеќе од една година. Токму тој вчера до 14 часот, беше на судење за случајот познат во јавноста како Тортура. Истиот ден доцна попладнето СЈО побарало од истиот суд да му одреди мерка притвор и тој да биде јавно уапсен. Само пред една недела специјалната обвинителка

Катица Јанева објаснуваше зошто нејзиното обвинителство не бара притвор за Сашо Мијалков.

Што стои во позадина на одлуката на СЈО, обвинителите Пеливанов и Ајро денеска не сакаа да објаснат, одбегнувајќи ги камерите. Вo решението на судот како причина за мерката притвор е опасност од бегство, а таквите наводи биле поради финансиската состојба на Мијалков, што не е новина ниту за судот ниту за СЈО. Адвокатите најавија жалби пред Апелација за решението за притвор.

Коронавирус