понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

„Слоганот со кој излезе СДСМ е ист како на ВМРО-ДПМНЕ од пред десетина години“

„Слоганот со кој излезе СДСМ е ист како на ВМРО-ДПМНЕ од пред десетина години“

„Кај СДСМ не видов емоција, која што ќе понуди надеж кај граѓаните. Да речат понудата е добра и буди емоција на надеж. Напротив буди емоција би рекол на одбивање, да не употребам потежок збор на гласање. Тоа е првата работа. А, втората работа е што се однесува до пораката е стварно не знам која порака би ја издвоил, бидејќи самиот слоган, самата кампањска порака „Можеме“ е украден слоган од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2009-тата година“, појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување на емисија на телевизија Алфа.

Мицкоски додаде дека украдениот слоган на СДСМ е од ВМРО-ДПМНЕ кој гласеше „Заедно можеме повеќе“.

„Тоа е класична како да кажам, класична кражба. Мислам кога станува збор за СДСМ, нема ништо нема да ме изненади. Но начинот на кој што тие се однесуваат во оваа кампања е истиот наратив, се обидуваат да прават реминисенција во минатото, а од друга страна зборуваат за иднината“, истакна Мицкоски.

Коронавирус