петок, 25. септември 2020. Вести денес: 179
home Вести

Следува температурен шок и промена на времето

Следува температурен шок и промена на времето

Под влијание на циклонска активност од утре следува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.

Како што соопшти УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, со температура од 20 до 28 степени.

Коронавирус