вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 174
home Вести

Следува темелна кадровска реформа во сите структури на ВМРО-ДПМНЕ

Следува темелна кадровска реформа во сите структури на ВМРО-ДПМНЕ

Во синожешнатаа дебатна емисија “Што не е јасно?” на Алфа телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се осврна на моменталната политичка ситуација, одржаните предвремени парламентарни избори, како и за очекувањата по изборите и можните коалицирања и обезбедувањето парламентарно мнозинство.

Мицкоски е дециден дека во ВМРО-ДПМНЕ следуваат големи промени, односно нови кадровски решенија за голем број на функции во партијата, со цел подобрување на структурите и застанување на здрави нозе.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во партијата се неопходни промени и тоа е здраво за една голема политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ.

-Голем број на партиски функционери со тек на време се заситуваат од работни обврски, односно не го даваат својот максимум како што тоа е на почетокот, но сечиј придонес е за почит и ничија жртва не смее да се заборави, вели Мицкоски.

-Во партијата следи голема катарза која што ќе зафати прилично голем дел од структурата, особено онаму каде што таа неопходна поради најразлични причини. Промените се нормална работа и нормално е тие да се случат во одреден период. Во ВМРО-ДПМНЕ ќе се случат голем број на промени и тоа во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како и во Општинските Комитети низ државата, додава Мицкоски.

Партискиот претседател откри дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поработи  на кадровските решенија и истите ќе резултираат со одлични резултати веќе на наредните избори.

-На партијата и се потребни нови луѓе со визија и енергија кои што со чесна намера ќе придонесуваат за партијата, но пред се за државата. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде многу посилно и граѓаните можат да очекуваат далеку подобри денови, заврши Мицкоски.

Коронавирус