недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 41
home Вести

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури

Утринава има значителна облачност на север и на запад, а кон југоисток е претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Понекаде утринава дува слаб северозападен ветер.

Претпладнево ќе има значителна облачност особено на север и на запад, а попладне ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност.

Преку денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер најизразен на север и вдолж Повардарието. Температурата ќе биде во интервал од два до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе има умерена облачност, а од средината на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движе до шест степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а најстудено ќе биде утре наутро. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. Од утре кон викендот ќе дува претежно јужен ветер и ќе се зголемуваат условите за појава на магла по одделни котлини. За време на викендот се очекува краткотрајно наоблачување без врнежи.

Коронавирус