петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 108
home Вести

Следува период на сончево и топло време, од понеделник многу високи температури

Следува период на сончево и топло време, од понеделник многу високи температури

Во изминатите 24 часа најмногу дожд, пет литри на квадратен метар наврна во Лазарополе, а три во Дебар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од УХМР потсетуваат дека времето денеска ќе биде сончево и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер над 60 километри на час од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Од Управата најавуваат дека следува период на стабилно, сончево и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога максималната температура повторно ќе го достигне 40-тиот степен. (МИА)

Коронавирус