понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Следниот петок неработен ден за припадниците на албанската заедница

Следниот петок неработен ден за припадниците на албанската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2019 година (петок), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.