среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 9
home Вести

Следната недела средба Пендарвоски – Макрон?

Следната недела средба Пендарвоски – Макрон?

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, најави дека дипломатијата продолжува со евроинтеграциите и фокусот е Франција по недобивањето зелено светло во Брисел за пристапни преговори. Шефот на државата откри дека се прават напори за средба со францускиот претседател Емануел Макрон, а во медиумите излезе и информаија дека е можен состанок веќе следната недела.

– Правиме усилби практично од првиот ден, практично веднаш после последниот бриселски самит на ЕУ, да добиеме средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република и директно со претседателот Макрон и со луѓето околу него што точно побаруваат од нас и да ја надмине таа крајно непријатна ситуација – рече Пендаровски пред средбата со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Дипломатски извори тврдат дека претседателот веќе идната недела во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Макрон, но и дека се уште се работи на деталите од агендата. Од кабинетот на Пендаровски засега велат  дека нема официјална потврда.

Состанокот би се одржал на маргините на познатиот Париски мировен форум, закажан за вторник и среда по што ориентацијата на Македонија за гледиштето на Франција кон проширувањето би била појасна.

 

Коронавирус