вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 73
home Вести

Следи уште еден споен викенд – Останаа уште два неработни денови годинава

Следи уште еден споен викенд – Останаа уште два неработни денови годинава

Согласно Законот за празниците, 8 септември (недела), Денот на независноста, односно 9 септември (понеделник) беше неработен ден и уживавме во споен викенд.

Продолжен викенд ќе имаме и откако 11 октомври, Денот на народното востание, кој паѓа во петок ќе се спои во викендот кој следува, па ќе можеме повторно да одмориме три дена.

Тоа е следниот неработен ден. Потоа следат уште два неработни дена: 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба и 8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник).

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик