среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Следи освестување од хипнозата- ОМД видоа дека се што зборуваа ВМРО-ДПМНЕ и Груевски за името е вистина

Следи освестување од хипнозата- ОМД видоа дека се што зборуваа ВМРО-ДПМНЕ и Груевски за името е вистина

ОМД која до пред една година беше дел од организациите кои наседнаа на спиновите на СДСМ и се бореше против власта на ВМРО-ДПМНЕ која го чуваше и се грижеше за македонскиот национален идентитет, денес виде дека се што зборуваа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е вистина.

Обединетата Македонска Дијаспора ( ОМД ) денеска излезе со соопштение во кое ја осудува попустливоста на Заев во однос на Грција, промената на имињата на аеродромот и автопатот без побарано мислење од граѓаните и поданичкиот став на премиерот.

Имено, Мето Колоски наседна на спиновите на опозицијата и протестираше против владата која беше на браникот на државните интереси. Колоски во 2015 и 2016 година организираше протести во Вашингтон против тогашната влада.

Тоа беше време кога тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ и премиер укажуваа да не се наседнува на организираното рушење на власта, бидејќи клучна цел на оној кој се оркестрираше е смена на владата за смена на името на државата. Тоа можеше да се оствари само со носење на СДСМ на власт кои ќе го сменат името.

После повеќе такви апели Мето Колоски и ОМД организираа антивладини протести за рушење на владата на ВМРО-ДПМНЕ која го штити името и носење на власт на СДСМ и Зоран Заев на власт, кои одамна најавија виткање на кичмата.

Но следи освестување од хипнозата во која падна општество. Еве го денешното нивно соопштение:

Вчерашниот ден ќе биде запаметен во Македонската понова историја како ден кога актуелниот Премиер на Република Македонија во свое обраќање во јавност по средба со премиер на држава со која има 27 годишен билатерален спор околу разликите за името на државата, ниту еднаш не го употреби уставното име на Република Македонија, ниту пак името на Македонскиот народ.

Употребените термини “нашите земји, нашите народи, нашата влада”, од страна на актуелниот Премиер на Република Македонија се крајно навредливи за Македонскиот Народ во Република Македонија, Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија, во дијаспората и за 137-те земји членки на ОН со кои Република Македонија има дипломатски односи под уставното име. Се прашуваме кои термини ли ќе беа користени од страна на премиерот ако средбата беше со Претседателот на нивната земја.

Го потсетуваме премиерот Заев дека согласно Уставот на Република Македонија, но и согласно стандардите на комуникација на владини претставници во современите држави каде живее и твори Македонската дијаспора, употребувањето на своето име на држава, народ, јазик е уставна должност и е чин на гордост за промовирање на својот идентитет, при што на тие официјални средби се афирмира и промовира сувереното име на својата држава.

Некористењето на уставните термини отсликува потчинетост, нерешителност и спремност за било каков компромис по секоја цена што е недозволиво. Вчерашните употребени термини од страна на Премиерот на Република Македонија, ОМД ги смета за неприфативи од страна на Македонскиот народ и одважно ги отфрла како навредливи.

Притоа напоменуваме дека промени на имиња на инфраструктурни објекти без сослушување на јавно мислење за иницијативата, преку анкети и мислења на експерти, и замена на истите со навредливи и ништовни предлози се само можни привремени решенија, кои само ќе ја отежнат и одолговлечат, но не и оневозможат неминовната корекција во иднина која ќе го рефлектира мислењето и желбата на државотворниот Македонски народ.

Ова се историски моменти за Република Македонија и Македонскиот народ, не само во Републиката туку и во соседството и дијаспората, и соодвествено на нив, Македонските политичари, а посебно Премиерот и Претседателот на државата, како највисоки институции, имаат најголема одговорност да ја почитуваат сувереноста и унитарноста на државата, преку афирмирање и промоција на засебениот идентитет и сувереност во секоја меѓудржавна и внатрешна комуникација.

ОМД, која заедно со другите Македонски Организации во дијаспората е ко-организатор на движењето #НиеСмеМакедонија, ќе продолжи со афирмација и заложба на ставовите за прекин на разговорите околу разликите за името, целосно почитување на пресудата на Меѓународниот Суд за Правда, како и повлекување од собраниска процедура на неуставниот Закон за јазици, и потчинувачкиот договор за добрососедстсво со Бугарија.

Коронавирус