сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Протестот во Атина – „Македонија е грчка“

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Протестот во Атина – „Македонија е грчка“

Денеска во 14 часот по локално време е закажан протест во Атина против името Македонија. Според грчките медиуми, во главниот град пристигнале околу 2000 автобуси.

Подготовките за масовниот протест се завршени, а граѓани веќе започнаа да се упатуваат кон градскиот плоштад.

Организаторите очекуваат толпата да ги надмине бројките на демонстрациите одржани во последните години во главниот град на Грција. Според нив, протестот ги надминува политичките партии и неговата порака е патриотска и непартиска. Протестот тврдат дека е финансиран од „македонски организации во Грција и надвор од неа, особено од САД“.

Медиумите пренесуваат дека грчката полиција е на готовс за да бидат превенирани можни немири откако беше закажан и контра-протест во близина на главниот протест. Полицијата ќе придружува и десетици автобуси кои ќе носат демонстранти од другите делови на земјата на главниот протест кој е поддржан од грчката црква.

Коронавирус