понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 146
home Вести

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ го повика граѓаните на Струмица и регионот денеска да им се придружат на протестниот марш кој ќе започне за дваесеттина минути.

-Протестниот марш е дел од најавеното жешко лето на ВМРО-ДПМНЕ. Струмица е местото од каде потекнува актуелниот премиер Зоран Заев. Праксата на лошо владеење овде трае 13 години. Сега пресликана од локално на национално нив. Тој политикански модел се води од лични и партиски интереси.Неуспешните преговори и потпишаниот договор резултираа со катастрофа на националните интереси. премиеро лично ја води реформата на праводусниот систем додека во република Македонија се крши Уставот, се донесуваат порачани судски одлуки, партиски мотивиран прогон. Видивме какви интриги користат органите за  задолжени да обезбедат ред и поредок. немањето идеја како да се  управува со економијата го води стопанството во крах. на сите одржани средби граѓаните од регионов го изразуваа незадоволството и очајот. Ги бараат ветените 500 евра плата, ги нема ниту ветените 100.000 плата за лекарите, младите се иселуваат од земава додека нашиот регион доректно е загрозен од неспособната политика за земјоделието. Затоа ги повикуваме граѓаните од Струмица и и регионот да ни се придружат и заедно да ја поразиме оваа ненародна власт, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус