среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Вести

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Промоција на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, „проект Обнова – се обврзуваме“!

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Промоција на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, „проект Обнова – се обврзуваме“!

ВМРО-ДПМНЕ денеска околу  ќе ја промовира програмата насловена Проект “Обнова”- се обврзуваме! Промоцијата ќе биде во Битола, а на истата ќе бидат презентирани најважните делови и поенти од планот за обнова.

Програмата содржи над 1000 проекти, а главниот фокус ќе биде економијата и подигнување на животниот стандард. Економски бум за повеќе пари и подобар живот, влевање на надеж дека може поинаку и подобро. Над 340 страници материјал со прецизни рокови кон кои се обврзува ВМРО-ДПМНЕ за обнова која ќе ја исправи Македонија.

Програмата е плод на многу работа на експертските тимови на партијата кои ги користеше при составување на истата, а во најголем дел се земени во предвид барањата на граѓаните кои беа прибирани во пред кампањата “разговори за обнова на Македонија”.

Повисоки плати за 25%, повисоки пензии, поддршка за стопанството, повеќе пари за народот, огромен инфраструктурен инвестициски потфат, поддршка на земјоделието, револуција во културата, војна против корупцијата и криминалот се дел од зацртаните проекти на кои работеа еминентни стручњаци од областите.

Користена е помош и од странски експерти, а е направена и ре-проценка на фискалните импликации согласно најновите кризни текови.

ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе и со документ, преодна стратегија за реализација и делување во првите сто дена од превземањето на владата. Тоа ќе биде план кој ќе опфати прецизни детали на тоа што се планира да се реализира во првите неколку месеци.

Утре на промоцијата ќе говорат експерти од различни сфери а акцентот ќе биде даден на економијата и здравството.

ПРОМОЦИЈАТА МОЖЕ ДА ЈА СЛЕДИТЕ ВО ЖИВО НА ЛИНКОТ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ

Коронавирус