четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 18
home Вести

Славевски: Светска Банка констатира во период од воведување на рамниот данок се зголемува средната класа во Македонија

Славевски: Светска Банка констатира во период од воведување на рамниот данок се зголемува средната класа во Македонија

Висок функционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски вечерва гостуваше во емисијата „Топ Тема“ при што посочи дека рамниот данок е корисен, а за тоа потврдуваат и податоците од Светска Банка.

-Ако нам не ни верувате нека веруваат на институција на која што цел свет и верува. Институција која што во своето мото има запишано дека се бори против сиромаштијата, а тоа е Светска Банка. Светска Банка констатира дека во оној период од воведување на рамниот данок се зголемува средната класа во Република Македонија и тоа со проценти, нагласи Славевски.

Славески додаде дека според критериуми на Светска Банка со помош на рамниот данок во Република Македонија средната класа се зголемила за околу 7%. Иако СДСМ кажува безмислици и ги убедува граѓаните дека рамниот данок е штетен за државата.

-Иако видовме прогресивниот данок каква штета нанесе на економијата во нашата држава. Средната класа се зголемила како процент од вкупното население во Република Македонија. За среќа на талкање на СДСМ идеолошко ја расчисти дилемата која што ја наметна една група на интелектуалци кои што беа крајно лево ориентирани, истакна Славевски.

Коронавирус