среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Славевски: СДСМ и Заев се свесни дека ги губат изборите, одложувањето само би им го доуништил и онака руиниран рејтинг

Славевски: СДСМ и Заев се свесни дека ги губат изборите, одложувањето само би им го доуништил и онака руиниран рејтинг

Изјавата на Заев дека можно е да не се случат изборите на 12 април според професорот Трајко Славевски е уште едно алиби кое што граѓаните го слушаат во изминатите три-четири години. Тој во емисијата “24 анализа” на 24 Вести на тема “Што се случи во економијата за време на владеењето на СДСМ и што ќе се понуди ново” истакна дека граѓаните треба да се потсетат за периодот до изборите во 2016-та година, кои дојдоа по две одложувања по барање на тогашната опозиција на Зоран Заев и СДСМ.

Кога беа сигурни, до некаде, дека преку изборен инженеринг ќе можат да постигнат каков таков резултат, дури и да изгубат со два пратеника разлика тие прифатија избори.

-Да ве потсетам дека не беше извесно кон крајот на минатата година дека на 3-ти јануари ќе има формирање на техничка влада. Се изнаслушавме на аргументи. Но, еве сега ако толку многу се разговара за клучните закони за законот за ЈО и кога од другата страна има сериозни забелешки кои се поткрепени и од страна на експертите, тоа говори само за едно. За тоа што фактот е дека СДСМ и господинот Заев кој е на чело на оваа партија, се свесни дека ги губат овие избори, на тоа упатуваат сите анкети и нивните и оние што независните институции ги прават и најверојатно се носат со идејата да ги одложат изборите со надеж дека ќе можат да ја поправат својата “крвна слика”. А знаеме дека граѓаните се веќе одлучени и нивниот рејтинг може само да паѓа и доколку дојде до одлагање на изборите рејтингот би им се стрмоглавил, дециден е членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и предводникот на тимот кој ја креираше програмата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори 2020, професорот Трајко Славевски.

Коронавирус