четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Славева: Додека Филипче работи за Пендаровски морбилите се проширија на цела територија на државата

Славева: Додека Филипче работи за Пендаровски морбилите се проширија на цела територија на државата

Венко Филипче терајќи ја претседателската кампања на Стево Пендаровски, заборави дека формално е на функцијата министер за здравство. Додека Филипче работи за Пендаровски морбилите се проширија на цела територија на државата, истакна Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Каде беше Филипче четири месеци со мерките за спречување на ширењето на морбилите? Каде беа мерките да се спречи ширењето на болеста помеѓу вработените во здравствените институции, да се провери дали негувателките и воспитувачките во предшколските установи биле вакцинирани? Дали е вистина дека нема вакцини во болниците во Кичево и Кочани? Кој ќе понесе одговорност за новите заразени во овие градови? На ова Филипче требаше да мисли многу порано. Сега доцни и тоа многу. Неспособноста и лошото менаџирање во здравство резултира и со жртви, рече таа и додаде:

„Филипче, сега, трчајќи да ја помине Македонија и да лобира за претседателскиот кандидат Пендаровски, сосема заборави на здравството. Антивакциналната кампања која ја водеше СДСМ, и се удри од глава на владата предводена од Зоран Заев, а тука и на министерот за здравство Филипче. Веќе неколку трудници ги изгубија своите бебиња затоа што власта е неодговорна. Венко Филипче мора да си замине. Животот на граѓаните нема цена“.

Коронавирус