сабота, 23. февруари 2019. Вести денес: 1
home Вести

Славески: Зошто ако има пари во буџетот кредитите не се сервисираат од тие пари, туку се прави задолжување заради задолжуавње?!

Славески: Зошто ако има пари во буџетот кредитите не се сервисираат од тие пари, туку се прави задолжување заради задолжуавње?!

Енигма е што владата постојано се задолжува. Се задолжува, а не е јасно зошто. Слушаме само консатација на пример дека има константно добра наплата на даноци, рече Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија 24.

Како што посочи, додека бил министер за финансии често повторувал дека најголем грев е да се собираат парите на граѓаните, а да не се реализра ништо.

Според него се поставува и прашањето зошто има зголемен интензитет на задолжување, а не се троши. Или како што вели задолжување заради задолжување, односно да се враќаат кредити е нелогично.

Славески праша зошто ако има пари во Буџетот кредитите не се сервисираат од тие пари, туку се прави задолжување заради задолжуавње.

-Нелогично е да плаќаш камати, а да стојат средствата, констатираше Славески.

Кога станува збор за нереализација на капиталните инвестиции, според Славески, како да нема капицитет кај тимовите кои работат на капитални инвестиции. Од друга страна пак, посочи тој, има многу сомнителни тендери, недомаќинско трошење.