понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Славески: Владата со прогресивното оданочување удира по работните места 

Славески: Владата со прогресивното оданочување удира по работните места 

Во вечерашната емисија „Отворено“ на ТВ 24 гостуваа актуелниот министер за финансии  Драган  Тевдовски и  универзитетскиот професор  и  поранешен министер за економија  Трајко Славески каде се дискутираше за актуелните економски состојби во земјата и за даночната реформа -прогресивно оданочување кое планира да го спроведува Владата на Република Македонија.

Трајко Славески истакна дека Владата не ги оданочува богатите бидејќи луѓето кои се опфатено во овие 1% кои се опфатени со прогресивното оданочување  се луѓе кои со труд достигнале да бидат конкуренти на пазарот на трудот што значи дека Владата удира по работните места а не по акумулираното богатство.

-Со ваков пристап создаваме идеолошка конфузија велиме богатите ќе се оданочуваат – вие со оваа реформа не го оданочувате богатството и тука е проблемот затоа што правите конфузија помеѓу доход и богатство. Дали е богат некој млад инженер кој што се наоѓа на меѓународниот пазар на труд  и заработува 1.500 евра, живее кај своите родители и нема стан нема педа земја, рече Славески.

Трајко Славески истакна дека Владата ако сака да направи суштински промени треба да ги оданочува навистина богатите луѓе и да воведе поголем данок на имот или даноците за наследство бидејќи само така ќе се направи еднакво и праведно општество.

Славески кажа дека Владата постојано зборува за праведно општество, но не применува мерки за да се креира истото.