петок, 30. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Славески: Трендот на невработеноста се зголемува, 15.000 лица новопријавени во АВРМ и 30.000 лица оставени без доход

Славески: Трендот на невработеноста се зголемува, 15.000 лица новопријавени во АВРМ и 30.000 лица оставени без доход

Професорот Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија истакна дека трендот на невработеност се зголемува заради политиките на владата и мерките коишто не помагаат, само 15.000 лица се ново пријавени во АВРМ и 30.000 за април не земале плата останале без доход.

-Јас не се согласувам дека невработеноста се намалила, официјалната статистика е дека има 15.000 лица се новопријавени во Агенцијата за вработување и 30.000 лица помалку земале плата за април месец коишто се без доход, вели Славески.

Професорот вели дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има предвидено драстично кратење на непродуктивните расходи на институциите, со кое што ќе се овозможи да има повеќе пари за здравствениот сектор, за припадниците на министерството за внатрешни работи, како и за поддршка на реалниот сектор се со цел да се излезе побрзо од оваа економска криза.

Коронавирус