вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 39
home Вести

Славески: Се доцни со здравствено-рестриктивните мерки и доколку не се подобри ситуацијата со корона вирусот економијата ќе трпи големи загуби

Славески: Се доцни со здравствено-рестриктивните мерки и доколку не се подобри ситуацијата со корона вирусот економијата ќе трпи големи загуби

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески вечерва во “24 Анализа” на Телевизија 24 на тема “Дали на врата ни тропа нова економска криза”, рече дека веќе се доцни со здравствено-рестриктивните мерки, а ситуацијата е веќе премногу сериозна. Затоа што може да се види и од другите земји, извесна жртва на недела две се исплати на среден рок, во наредните неколку месеци. Тој смета дека доколку не се подобри ситуацијата со корона вирусот, економијата во иднина нема да функционира нормално. Со само тоа што се намалени работните часови, тоа е загуба за економијата сега.

-Од сите мерки што ги спроведе владата за справување со короната, најпробелматична беше онаа што и сега се предлага, помош за оние социјално-ранливи категории. Затоа што се истакнуваат повеќе цели – четири цели. Животниот стандард на овие категории со о ние доходи што располагаат не беше нарушен, затоа што немаше инфлација. Нивниот животен стандард дури и се подобри. Трошоците нивни, најверојатно за заштитни маски и за средства за хигиена и така натаму. Животниот стандард е намален кај десетици илјади граѓани на кои платите им се намалени. По институции, по претпријатија. Сега се планираат уште околу 280 илјади платежни картици и за пензионерите кои земаат пензии до 15 илјади денари, за филмски работници, за активни баратели на работа итн. Тој општествен трошок кој не е пресметан во вкупниот трошок го платија банките со ангажирање на дополнителен персонал, со заразување на нивни вработени ако ги знаеме оние гужви пред и во банките. Каде што граѓани се доведуваа во опасност да бидат заразени од Ковид-19. Така ќе биде и сега во услови кога имаме уште поголема корона криза, посочи професорот Славески.

Според него, доколку се направи пресек на третиот сет мерки ќе се види дека се потрошени околу 200 милиони евра.

-Сега очекував, оваа старо-нова влада да направи некои нови проценки за потребите на бизнисот, а не повторно одат со 200 милиони евра. Она што е негативно е слабиот капацитет за планирање на проценка. Мене и на некои мои колеги ни беше чуден “Викендот без ДДВ”. Кој експерт пресмета, предвиде дека за три дена ќе биде толкава потрошувачката, па да се предвидат 17 милиони евра во буџетот за поврат на ДДВ. Видовме дека тука промашувањето беше за 17 пати. Не треба да сте незнам колку голем економист, само треба да знаете колку е нормалната потрошувачка на граѓаните во нормални денови, вели професорот Трајко Славески.

Коронавирус