сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 46
home Вести

Славески: СДСМ со враќање на рамниот данок ја потврди потребата од истиот

Славески: СДСМ со враќање на рамниот данок ја потврди потребата од истиот

Прогресивното оданочување како што од СДСМ сами тврдат направи големи проблеми во бизнисот кај голем број на поединци и компании и со враќање на рамниот данок ние сме им благодарни на СДСМ бидејќи ја потврди оправданоста од постоење на и натаму рамниот данок во Македонија, ова вечерва во емисијата „Топ-тема“ на телевизија Телма го истакна поранешниот министер за финансии Трајко Славески.

-Ние не само тоа, туку во првиот месец дека ќе го промениме законот со дополнително намалување на стапката за оданочување на личниот доход, пресоналниот доход и данокот на добивка од 10 на 9 проценти, вели Славески.

Тој додава дека СДСМ во минатото прогресивното оданочување и низа други мерки неправедно на јавноста и беа презентирани со погрешни податоци.

-Се тврдеше дека рамниот данок ја зголемила сиромаштијата, што не е точно, се тврдеше дека се зголемила нерамномерната дистрибуција на доход и дека средната класа исчезнала, вели Славески.

Коронавирус