петок, 17. септември 2021. Вести денес: 40
home Вести

Славески: Првичните ефекти од економските мерки се катастрофални

Славески: Првичните ефекти од економските мерки се катастрофални

Во вечерашната емисија на 1 ТВ гостуваше универзитетскиот професор и поранешниот министер за финансии Трајко Славески како и сегашен член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Во емисијата се дискутираше за економската состојба на државата.

Славески истакна дека треба да се почека за да се видат ефектите од мерките кои сегашната Влада ги спроведува бидејќи првичните не ветуваат многу.

-Мислам ако сме фер и коректни во однос на резултатите од економските мерки треба да почекаме за да видиме бидејќи првичните не ветуваат дури и се катастрофални.

Трајко Славески потенцираше дека за отворање на 83 работни места од оние фирми кои што добиле поддршка од Фондот за иновации трошокот изнесува 263 илјади евра што го прави највисокиот износ по работно место од сите анализирани досега.

Коронавирус