среда, 12. мај 2021. Вести денес: 1
home Вести

Славески: Прогресвниот данок не ја намалува нееднаквоста

Славески: Прогресвниот данок не ја намалува нееднаквоста

Во емисијата Клик Плус на Тв 24, вчера гостуваа актуелиот вицепремиер Кочо Анѓушев, поранешниот министер и универзитетски професор Трајко Славески, Иво Вучков од Finance Think и универзитетскиот прoфесор Владимир Филиповски.

Во емисијата се коментираа економските состојби и извештајот од Европската Комисија за развојот на земјите од Западен Балкан во кој спаѓа и Македонија.

Поранешниот министер и универзитетски професот Трајко Славески, истакна дека оценката на извештајот никако не е поврзана со реалните економски параметри, туку дека повеќе беше во поглед на исполнување на договорот од Пржино.

Славески потенцираше и дека економијата има големи слабости со кои мора да се избори за да може да се оспособи и да биде конкурентна на европскиот пазар.

Иво Вучков од Finance Think кажа дека реалната слика од извештјот на Европската комисија е дека нема значителни помрднувања во економијата и дека тоа се должи на политичката криза.

Во однос на намерите на владата за виведување прогресивен данок, Трајко Славески истакна дека во периодот од 2008 година кога ВМРО ДПМНЕ го водеде рамниот данок, според официјалните податоци 28 % од вработените учествувале во сивата економија. Сивата економија би била повеќе присутна доколку се воведе прогресивнот данок и би имало даночна евазија.

Објаснува дека оваа бројка од 28 % се намалила на 18 % вработени кои учествувале во сивата економија заклучно со 2017 година како што стои во извештајот и е позитивен тренд од спроведувањето на рамниот данок.

Исто така Славески истакна дека со рамниот данок се поттикнаа директните инвестиции кои резултираа со отворање на нови работни места кои пак придонесоа за намалување на енормно намалување на невработеноста. Така Европската Комиија пресмета дека за тој период, додека ВМРО ДПМНЕ беше на власт годишно невработеноста се намалувала за 2, 8 %.

Вучков од Finance Think предупреди дека треба да се внимава со донеувањето на ваков закон кој ги засега сите сегменти и истакна дека прогресивниот данок на приход би значел негативни последици како на пример одлив на мозоци , потоа зголемена сива економија поради зголемена даночна евазија , не фер конкуренциа и висока магнитуда на губиток.

Вицепремиерот Анѓушев подвлече дека со прогресивниот данок на приход владата сака да постигне одредена социјална правда односно да се земе од побогатите за да се даде на посиромашните.

На ова регагираше Трајко Славески кој направи компарација со земји како Хрватска и Словенија кои имаат прогресивен данок на приход, а каде стапките на нееднаквост односно “Џини” ефектот е скоро ист со стапата на Македонија која изнеува 33,6 % и не се разликува значително од оној во Хрватдка 33, 2 и 26, 2 во Словенија. Ова, вели Славески, ја побива тезата дека со рамниот данок се создава нееднаквост.

Славески смета дека нееднаквоста се намалува со отворање на работни места а не со оданочивање на оние кои се измачиле да постигнат некој пристоен приход за живот во Република Македонија и воопшто не се вбројуваат во богатите граѓани на земјава. Истакна дека не ја гледа намерата која ја има владата со ваквиот чекор на прогресивно оданочување и дека моментално врз економијата ваквата мерка би имала незначителни ефекти а дополнително би стимулирала голем број на негативни ефекти.

Тој смета дека Робин Худовската димензија на ваквата мерка да се земе од богатите а да се даде на сиромашните нема да има ефект и е смешна да се коментира.

Најнови вести

Коронавирус