среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 26
home Вести

Славески: Причините и одговорноста за лошите економски резултати во економијата треба да се бара во оние кои ги менаџираат главните економски ресори

Славески: Причините и одговорноста за лошите економски резултати во економијата треба да се бара во оние кои ги менаџираат главните економски ресори

На денешната емисија на ТВ 24 „Тренд Анализа“  во која се зборуваше за економската состојба на Македонија  гостуваше поранешниот министер и универзитетски професот Трајко Славески.

Славески истакна дека ако се спореди 2007 година кога ВМРО ДПМНЕ дојде на власт и 2017 година кога СДСМ  дојде на  власт во економска смисла јасно може да се види дека во 2007 година владеело огромен  економски оптимизам и стапката на економски  раст достигнала скоро 6 % додека сега Владата воопшто не ги постигнала ни приближно резултатите кои ги ветувала и дека состојбата во економијата е очајна.

„ Во 2007 берзата збесна, имаше развој на институциите додека сега очигледно е дека  не се постигнаа резултатите кои ги ветуваше оваа Влада , всушност дијагнозата или причината за ваквите лоши перформанси во економијата треба да се бараат во менаџирањето на главните економски ресори од страна на владејачката гарнитура“ – истакна Славески.

Универзитетскиот професор кажа дека се очекувало дека капиталните инвестиции ќе бидат на очајно ниво поради колебливоста на Владата за спроведување на некои економски реформи и дека главните економски субјекти ја изгубиле довербата дека на кормилото на економијата има способен кормилар.