сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 131
home Вести

Славески: Победуваме во Прилеп и во уште 10 други општини

Славески: Победуваме во Прилеп и во уште 10 други општини

Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на ТВ Телма изјави дека ВМРО-ДПМНЕ победува уште во првиот круг во 11 општини, а како најголема ја издвојува победата во Прилеп.

Сите општини во кои ВМРО-ДПМНЕ победува во прв круг, според Славески, се:

Јегуновце, Градско, Могила, Сопиште, Петровец, Прилеп, Виница, Босилово, Василево, Карбинци и Илинден.

Прашан, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во некоја од скопските општини бидејќи партискиот портпарол Димче Арсовски најави дека ВМРО-ДПМНЕ води во сите, Славески ја „спушти топката“. Објасни дека како партија имаат информации за водство во одредени избирачки места, кои би можеле да бидат индикација за конечниот исход.

Коронавирус