недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

Славески од Битола: Нема да прифатиме негирање на македонскиот идентитет и јазик

Славески од Битола: Нема да прифатиме негирање на македонскиот идентитет и јазик

Тука сме да изразиме со овој протест несогласување со македонскиот врв, особено со премиерот Заев којшто ја задира сржта на македонскиот идентитет, изјави вечерва од протестот во Битола Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука исто така несогласувањето е што и по нашите барања за за средба, запознавање за тоа што се преговара, со кого се преговара, до тоа не дојде и мислам дека тоа е сосема некоректно.

Ние сме тука заедно со граѓаните на Битола да кажеме дека ова не смее да помине, ние сме Македонци, македонскиот идентитет е таков со векови, македонскиот јазик е одамна признат и никакво негирање нема да прифатиме ниту од претставниците на Република Бугарија, најмалку од нашите избраници, затоа што некој ги избрал, кои што во овој случај се на границата на предавство, рече Славески.

Коронавирус