понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 127
home Вести

Славески: Ние сме во постојана комуникација со граѓаните, ги слушаме нивните предлози и идеи

Славески: Ние сме во постојана комуникација со граѓаните, ги слушаме нивните предлози и идеи

Добар ден на Тетово, добар ден на граѓаните на Тетово, Ние со тимот од политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја продолжуваме акцијата, турнејата како што кажа нашиот претседател за Обнова на Македонија, за Република Македонија да тргне по вистинскиот пат не по правиот пат, тоа е србизам. Знаеме дека состојбите во Македонија не се добри и за жал од ден на ден се вложуваат. Владата на СДСМ ја прогласи 2019 година откако две третини од годината поминаа наводно за економска година, настојуваат да не убедат дека била најдобрата во последните 15 години а тоа не треба да биде човек кој знае колку образован за да виде дека тоа не е така, дека ние сме имале години со подобар животен стандард и со подобар економски раст во Република Македонија, изјави денеска од Тетово членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески кој додаде:

„Ние сакаме да го достигнеме тој период кога Република Македонија беше побезбедна, кога економијата беше на прво место и кога се постигнуваше висок економски раст. Ние сме загрижени за безбедноста на граѓаните. Внимавајте во период кога ние сме во Тетово, во период кога имаме релативно стабилни меѓунационални односи, не е разбирливо како луѓето не се чувствуваат безбедни по улиците, по домовите, по кафеаните, по болниците, полицајци се напаѓаат и вакво нешто не сме имале и малку е чудно како владата не е способна да воспостави нормално живеење или да постигне нормално живеење на граѓаните. Тука сме да собереме мислења, идеи, предлози од граѓаните како што тоа го правиме секогаш во минатото, ние имаме подлога, имаме визија како на економски план, затоа што економските прашања и прашањата на вработувањето, животниот стандард се она што најмногу ги засега граѓаните да понудиме една програма која што ќе ја поттикне економијата кон побрз раст, а тука ни се неопходни корекциите и предлозите од македонските граѓани и затоа како што гледате ја крстосуваме Република Македонија и денес тоа го правиме во Тетово.“

-Без разлика што ќе биде одлуката на 15, 17 овој месец на Европскиот совет затоа што е многу неизвесно дали Република Македонија ќе добие датум, каков датум, чист со услови и така натаму, сакам овдека да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период на секој можен начин придонесувала без разлика дали е на власт или во опозиција за остварување на Евроатлантските интеграции на Република Македонија. Доколку ја добиеме довербата на граѓаните, на идните парламентарни предвремени избори верувајте ние ќе создадеме тим кој што до тој степен ќе го забрза процесот доколку добиеме датум за преговори, што ќе го скратиме не за месец, туку за години на приближување на Република Македонија кон стандардите на Европската унија, она што го заслужуваат македонските граѓани, потенцираше Славески.