сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Славески: Не може да се оди на попис без широк општествен консезус, а со актуелниот Закон нема да го добиеме точниот број на граѓани кои живеат во Македонија

Славески: Не може да се оди на попис без широк општествен консезус, а со актуелниот Закон нема да го добиеме точниот број на граѓани кои живеат во Македонија

Професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески на денешното гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека ВМРО-ДПМНЕ собира потписи за укинување на Законот за попис затоа што на попис не се оди без широко општествен консензус, кој за овој најевен попис за април месец, го нема.

Тој појасни дека друга причина за што ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот е затоа што постои голема опасност за ширење на заразата од корона вирусот при спроведувањето на пописот.

Како најголема причина која што Славески ја наведе за што ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот е тоа што со попишувањето, на предвидениот начин во закон, на нерезидентното население, кое најверојатно е направено со задни намери за да добиеме нереална слика за резидентното население кое што живее во Македонија.

„Најголемиот проблем е зошто мораше нерезидентното население да се попишува токму сега и токму на овој начин. Најверојатно со задна намера да добиеме нереална слика за резидентно население во земјата. Нерезидентното население може да се регистрира во една по мирна процедура, делумно со нивно попишување, преку нашите дипломатски конзуларни преставништва. А сега е направено за да не се знае кој е тука, кој не е тука. Мислам на оние кои што се отсутни од земјата, државјани на република македонија над една година“, потенцираше Славески.

Тој посочи дека највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот, Христијан Мицкоски  се на секојдневни средби со граѓани на кои разговараат за актуелната тешка состојба во која се наоѓа државата, од економски до здравстевен аспект.

Славески истакна дека на овие средби кои ги имаат во изминатиот период, граѓаните им утвдриле дека на Македонија им се потребни предвремени парламентарни избори и нова Влада која треба да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

„Кревкото и кршливо парламентарно мнозинство  кое што е на стаклени нозе, од ден на ден нефункционирањето на Парламентот, неможноста да с еоддржуваат седници, тоа граѓаните го гледаат и добар дел од нив сметаат дека на Република Македонија и е потребна една поефикасна Влада која што подобро ќе се справува со тековните проблеми. А и за оние прашања кои што ги засегаат македонските национални интереси  на меѓународен план сакаат владата која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна професорот Славески.

Коронавирус