понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 58
home Вести

Славески: Мерката за замрзнување на производите е задоцнета, доколку се сакаше потребно беше брза реакција, а не навестување

Славески: Мерката за замрзнување на производите е задоцнета, доколку се сакаше потребно беше брза реакција, а не навестување

Во вечерашното гостување на Телевизија 24 во дебатната емисија ,,Отворено,, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во однос на замрзнувањето на цените на производите и ценовните зголемувања, тој истакна дека мерката е задоцнета и доколку се сакаше спроведување на замрзнувањето на производи потребно е да се реагира побрзо а не да се навестува.

-Сведоци бевме на рапиден раст на цените, коишто и претходно растеа но сите цени на овие производи коишто се сега замрзнати. Производите коишто сега се замрзнати непосредно беа значително зголемени и се согласувам со мислењата дека оваа мерка е задоцнета. Доколку се сакаше да се спроведе замрзнувањето на производи потребно беше да се реагира побрзо а не да се навестува, посочи Славески.

Тој додаде дека голем дел од веќе идните зголемувања на производите се веќе вградени во цените и тука е неизвесно дали оваа мерка ќе има некој ефект, а сигурно ќе биде минимален од аспект на заштитата на животниот стандард.

-Причините коишто доведоа до еден ваков рапиден раст на цените е дека покрај увезената инфлација има и домашни ефекти коишто доведоа до зголемување на цените, како и колапсот со производство на домашна електрична енергија вклучително и сите популистички мерки во изминативе години каде што Владата се расфрлаше со пари на разни страни во економијата итн, сето ова доведе до пораст на цените, нагласи Славески.

Тој како економист не може да се согласи со една ваква мерка која што е не пазарна а ние се стремиме за започнување на почеток на преговори за членство во ЕУ. А токму еден од критериумите кој што го бара ЕУ е функционална пазарна економија, а ние всушност сме се подалеку од тоа.

Коронавирус