вторник, 3. август 2021. Вести денес: 172
home Вести

Славески: Мерката помош за компаниите треба да продолжи и во јули и август зошто има големи последици од корона кризата

Славески: Мерката помош за компаниите треба да продолжи и во јули и август зошто има големи последици од корона кризата

Помошта за компаниите кои тешко се снаоѓаат и не можат да работат треба да продолжи и за јули и август, рече професорот Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на дебатата на телевизија 24 на која се осврна на проектите од програмата со која ВМРО-ДПМНЕ настапува на овие предвремени парламентарни избори.

„Се покажа дека не можат компаниите да издржата ниту месец – два ако не работат. Прва грешка која се направи беше тоа што немаше помош за март, а ние укажавме на тоа. По наши укажувања помошта прдолжи и во јуни. Ние предвидуваме таа помош што им беше дадена на претпријатијата да не се враќа, а ќе биде неопходно помошта да продолжи и во летниот период или и во јули и август“, рече Славески.

Професорот се осврна и на даночниот систем.

„СДСМ воведе прогресивен данок, создадоа незивесност го укинаа по девет месеци и сега повторно велат воведување, а ќе имало и дискусии. Кој може да и даде на една партија десет години да не може да се одлучи какви даноци треба да имаво државата. Таквата политика создава неизвесност“, рече Славески.

Коронавирус