понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 79
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Славески: Македонија заостанува во спроведување на институционални реформи

Славески: Македонија заостанува во спроведување на институционални реформи

Во вечерашната емисија на 1 ТВ гостуваше универзитетскиот професор и поранешниот министер за финансии Трајко Славески како и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Во емисијата се дискутираше за економската состојба на државата.

Имено, универзитетскиот професор Трајко Славески кажа дека Македонија сериозно заостанува во спроведување на институционалните реформи и дека тоа се одразува на економијата.

– Првата фаза од транзицијата е завршена но во поглед на спроведување на институционалните реформи сме назад дури може да се каже дека каскаме односно имаме и назадување, истакна тој.

Славески истакна дека потребни се институционални реформи односно јакнење на институциите и независни регулатори тела односно здрави институции на пазарната економија.