петок, 4. декември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Славески: Кога Владата ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, платите ќе растат за 5 проценти на годишно ниво

Славески: Кога Владата ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, платите ќе растат за 5 проценти на годишно ниво

Професорот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески истакна новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да се врзува со апсолутни бројки за порастот на платата туку истата ќе расте за 5 проценти на годишно ниво.

-Ние ветуваме 5 проценти просечен годишен раст, не се врзуваме за номинален износ. Значи внимавајте едно е да земете просек за месец друго е да земете просек за година, вели Славески.

Славески понатаму во „Топ тема“вели дека кога ќе вродат со плод политиките на ВМРО-ДПМНЕ, плата може да расте и повеќе од ветеното.

Во однос на апсолутните бројки како што ветуваше СДСМ, претходно 500 евра и сега 600 евра, вели дека тоа е бесмислено.

Тој потенцираше дека СДСМ се пофали со порастот на платите, но заборави да го пресмета порастот на трошоците за живот, со оглед на тоа што како што расте платата така расте и инфлацијата во една економија.

-Платата не можете да ја таргетирате, може и повеќе да расте. Ако создадеме услови економијата да расте побрзо со политиките, побрзо ќе расте и платата. Плата во номинален износ и тоа во денари да ја таргетирате е безмислено. Знаете зошто е безмислено? Ако ги пресметаме трошоците за живот во реални износи, нели реалната плата зависи од трошоците за живот, истакна Славески.

Коронавирус