четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Славеле положен испит по анатомија, 28 лица ја прекршиле мерката за групирање

Славеле положен испит по анатомија, 28 лица ја прекршиле мерката за групирање

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против вкупно 28 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетите, сите на возраст од 20 и 21 година, на 21 мај во раните утрински часови, биле затекнати при проверка во стан на улицата „Славејко Арсов“ каде биле собрани на прослава за положен испит по анатомија. Со ова тие постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на коронавирусот, а со кои се забранува групирање на прослави и други собири заради заштита на здравјето на населението, информира Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог да определи парични казни за сите обвинети од по 100 дневни глоби, при што поединечната вредност на дневната глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Коронавирус