недела, 18. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Слаб снег на Попова Шапка и Стража, патиштата проодни

Слаб снег на Попова Шапка и Стража, патиштата проодни

Снег со слаб интензитет моментално провејува на Попова Шапка и на Стража, но засега не се задржува на коловозите, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Коронавирус