понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 80
home Вести

СКТМ: Новите КОВИД-мерки ќе го усложнат патувањето и ќе го отежнат престојот на македонските граѓани во странство

СКТМ: Новите КОВИД-мерки ќе го усложнат патувањето и ќе го отежнат престојот на македонските граѓани во странство

Стопанската комора за туризам (СКТМ) предупредува дека новите КОВИД мерки кои треба да стапат во сила од 1 септември сериозно ќе го усложнат патувањето и отежнат престојот на македонските граѓани во странство.

Комората бара измена на условите за влез во државата – на македонските граѓани кои ќе бидат упатени во домашна изолација да им се дозволи во рок од 24 часа да извршат тестирање во домашна лабораторија и доколку имаат негативен резултат да бидат ослободени од самоизолација.

Ваквото барање, како што соопшти Комората, е доставено до министерствата за здравство и за економија.

-Мерките во врска со враќањето на нашите граѓани од странство (користење на летниот одмор или враќање од службено или приватно патување), сериозно ќе го усложнат патувањето и ќе го отежнат престојот на македонските граѓани во странство поради комплицирана постапката на барање лабораторија и реализација на тестирање во странство, особено во места во кои можеби лаборатории не се лесно достапни на патниците, а ќе значи и зголемени трошоци за тестови кои во другите земји најчесто се со повисоки цени за истата услуга во нашата држава, истакнува СКТМ.

Комората изразува жалење што не е консултирана при донесувањето на рестриктивните мерки за патувањата.

– Напоменуваме дека во светот се реализираат голем број на патувања во многу дестинации и дека со почитување на досегашните протоколи (одржување на физичка дистанца, носење на заштитна маска и хигиена) во многу туристички дестинации непречено и безбедно се одвиваат економските активности. Се надеваме и очекуваме одговорните институции да го прифатат нашиот предлог и да го олеснат патувањето на нашите граѓани во странство, односно враќањето во матичната земја, наведува Комората.

Локални избори 2021