сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

„Скопското“ СДСМ ја фаворизира Лукаревска, доколку Тевдовски биде променет

„Скопското“ СДСМ ја фаворизира Лукаревска, доколку Тевдовски биде променет

Од скопскиот огранок на СДСМ произлегоа информации дека одредени партиски струења од страна на владеачката партија барале оставка за министерот за финансии Драган Тевдовски, но доколку си замине тоа да биде во пакет заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, велат последните инсајдерски информации кои ги има ТВ21.

Во последно време мошне тешко е да излезат детали за најавената владина реконструкција која треба да биде дефинирана до крајот на јуни, а вп моментов и фокусот е насочен кон добивање на Датум за преговори од страна на Европската унија. Но сепак, дококу дојде до промена на Тевдовски, тогаш прв пик да дојде на таа позиција е Сања Лукаревска, актуелната директорка на Управата за јавни приходи, инаку инстанца која е под надлежност на Министерството за финансии.

Извори коментираат дека Лукаревска ја има поддршката и на бизнис заедницата поради коректниот пристап и доброто партнерство со бизнисите, а од друга страна во нејзин прилог оди и тоа што премиерот Зоран Заев исто така сака да направи родов баланс на ниво на функциите и бара да се зголеми бројот на жени кои раководат со владините ресори.