недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 58
home Вести

Скопското обвинителство побара парични казни за 63 лица поради непочитување на полицискиот час

Скопското обвинителство побара парични казни за 63 лица поради непочитување на полицискиот час

Вкупно 63 лица се опфатени со 52 предлози за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје денеска ги поднесе до Основниот кривичен суд Скопје.

Обвинетите, како што соопштија од Јавното обвинителство, не го почитувале полицискиот час, па спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, биле затекнати како без дозвола се движат надвор од нивните домови во часовите во кои е забрането движење на населението. Со ова, како што се посочува, тие сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежните јавни обвинители на Судот му предложија за секој од обвинетите да изрече парични казни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност, стои во соопштението.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија