вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 93
home Вести

Скопското обвинителство побара казни за 20 непочитувачи на здравствените прописи

Скопското обвинителство побара казни за 20 непочитувачи на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 20 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот зкаоник.

За 19 обвинети обвинителството поведе постапка затоа што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Еден од обвинетите не ја почитувал Наредбата за задолжителна самоизолација, донесена како мерка за спречување и сузбивање на заразната болест COVID-19.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност

Коронавирус